АВРСМ, на годишно ниво, прибира во просек 13,6 % повеќе приходи од планираниот износ…

АВРСМ, на годишно ниво, прибира во просек 13,6 % повеќе приходи од планираниот износ, а пак троши 25,6% помалку од вкупниот износ на остварени приходи. Оттука, потребно е да се унапредат капацитетите за буџетско планирање и извршување на АВРМ на тој начин што Агенцијата ќе го планира и ќе го извршува својот буџет врз основа на реалнте потреби и капацитети. Во исто време, износот на приходи што Агенцијата во континуитет не го искористува треба да го намени за зголемување на опфатот на крајните корисници со мерки, програми и услуги за вработување што се покажале како ефикасни, како и за воведување на нови што ќе одговараат на реалните потреби на граѓаните, со посебен фокус на ранливите категории и жените.

Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија