АВРСМ потрошила 6.125.895 денари за исплата на ангажирани 119 обучувачи за спроведување на 93 обуки за претприемништво…

АВРСМ потрошила 6.125.895 денари за исплата на ангажирани 119 обучувачи за спроведување на 93 обуки за претприемништво, 63.206 денари за промоција на програмата, 117.390 денари за ангажирање на експерти за оценување на бизнис-плановите и 14.647.200 денари за ангажирање на експерти за исработка на бизнисплановите. За што бил потрошен остатокот од 84.343.068 денари нема достапен податок. Препорачуваме сретствата кои Агенцијата ги исплаќа кон надворешни лица за спроведување на програмата за самовработување да ги пренасочи кон зголемување на износот на поддршката што ја дава на невработените граѓани во рамки на оваа програма.

Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија