Во рамки на процесот на мапирање на заедницата кој опфати 753 членови на 295 битолски домаќинства,

Во рамки на процесот на мапирање на заедницата кој опфати 753 членови на 295 битолски домаќинства, граѓаните на Битола ги идентификуваа  лицата кои се потенцијални, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот план за вработување на АВРМ за 2017 година. Како резултат од мапирањето, идентификувани се 363 невработени жени, 390 невработени мажи, и еден корисник на  мерките.

Мапирањето на заедницата во Битола, организирано од Младинскиот Културен Центар – Битола со поддршка на Здружението ЕСЕ  и Акција Здруженска, е иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на засегнатите граѓани и граѓанки од заедницата активно да учествуваат во следењето, мерењето и оценката на тековните мерки за вработување и да бараат нивно креирање и спроведување согласно нивните потреби.

 

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.