Во рамки на процесот на мапирање на заедницата кој опфати 871 членови на 365 тетовски домаќинства,

Во рамки на процесот на мапирање на заедницата кој опфати 871 членови на 365 тетовски домаќинства, граѓаните на Тетово ги идентификуваа  лицата кои се потенцијални, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот план за вработување на АВРМ за 2017 година. Како резултат од мапирањето, идентификувани се 323 невработени жени, 236 невработени мажи, и не се идентификувани кориснички/корисници на мерките.

Мапирањето на заедницата во Тетово, организирано од Женски Форум со поддршка на Здружението ЕСЕ  и Акција Здруженска, е иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на засегнатите граѓани и граѓанки од заедницата активно да учествуваат во следењето, мерењето и оценката на тековните мерки за вработување и да бараат нивно креирање и спроведување согласно нивните потреби.

 

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.