Во струмичките села Дабиле и Добрејци идентификувани се 125 невработени жени, 95 невработени мажи и ниту еден/а корисник/чка на активни мерки за вработување

Во рамки на процесот на мапирање на заедницата кој опфати 514 членови на 170 домаќинства од струмичките села Дабиле и Добрејци, граѓаните ги идентификуваа лицата кои се потенцијални, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот план за вработување на АВРМ за 2019година. Како резултат од мапирањето, идентификувани се 125 невработени жени, 95 невработени мажи, и ниту еден/а корисник/чка на активни мерки за вработување.

Мапирањето на заедницата во Добрејци и Дабиле, организирано од Организацијата на жени на Струмица со поддршка на Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска, претставува продолжување на спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на засегнатите граѓани и граѓанки од заедницата активно да учествуваат во следењето, мерењето и оценката на тековните мерки за вработување и да бараат нивно креирање и спроведување согласно нивните потреби.

Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија