Во Тетово се идентификувани 247 невработени жени, 190 невработени мажи и ниту еден/а корисник/чка на активни мерки за вработување

Во Општина Тетово процесот на мапирање на заедницата се одвиваше во село Шипковица и на тетовските улици Цетинска и Вардарска. Беа опфатени 628 членови на 283 домаќинства при што, граѓаните ги идентификуваа лицата кои се потенцијални, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот план за вработување на АВРМ за 2019 година. Како резултат од мапирањето, идентификувани се 247 невработени жени, 190 невработени мажи, и ниту еден/а корисник/чка на активни мерки за вработување.

 

Мапирањето на заедницата во Тетово е организирано од Женски Форум Тетово со поддршка на Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска, претставува продолжување на спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на засегнатите граѓани и граѓанки од заедницата активно да учествуваат во следењето, мерењето и оценката на тековните мерки за вработување и да бараат нивно креирање и спроведување согласно нивните потреби

Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија