Годишните извештаи за работењето на АВРСМ не се усогласени со годишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување…

Годишните извештаи за работењето на АВРСМ не се усогласени со годишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Односно, годишните оперативни планови содржат детални податоци за планираниот опфат на крајните корисници за секоја од програмите, мерките и услугите за вработување, поделени по фази на нивно спроведување, како и вкупен износ на планирани средства поделени по извори. Додека, пак, годишните извештаи содржат исклучиво податоци за вкупниот опфат на крајни корисници за дел од програмите, мерките и услугите за вработување без износ на потрошени средства за реализација на секоја од нив

Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија