За некои податоци презентирани во одговорите на барањата се утврди дека не се точни…

За некои податоци презентирани во одговорите на барањата се утврди дека не се точни. На пример, во одговорите на Управата за јавни приходи, кои се однесуваат на реализација на програмата Македонија вработува, како вкупен износ на одобрено ослободување од плаќање на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување се наведува 121.180.611 денари, а пак збирот на поединечните податоци презентирани во истата табела реално изнесува 88.335.676 денари. Да се преземат чекори за унапредување на квалитетот на податоците и деталноста на податоците содржани во одговорите подготвени и дадени во текот на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија