За финансирање на програмите, мерките и услугите за вработување АВРМ користи различни извори на средства, меѓу кои средства од буџетот на РМ и средства од грантови, донации и кредити, кои Агенцијата самостојно ги менаџира, и средства од буџетот на РМ и буџетот на УНДП, кои ги менаџира УНДП.

За финансирање на програмите, мерките и услугите за вработување АВРМ користи
различни извори на средства, меѓу кои средства од буџетот на РМ и средства од
грантови, донации и кредити, кои Агенцијата самостојно ги менаџира, и средства од
буџетот на РМ и буџетот на УНДП, кои ги менаџира УНДП. Па така, од буџетот на РМ,
преку буџетите на АВРМ и МТСП, кои Агенцијата директно ги реализира, се издвојува во
просек, на годишно ниво, 67 % од годишните потреби за спроведување на програмите,
мерките и услугите за вработување, а пак од средствата обезбедени преку донации,
грантови и кредити од Светска банка, Меѓународната организација на трудот,
Универзитетот за туризам, Комората за приватно обезбедување и Инструментот за
претпристапна помош (ИПА) се покриваат 7 % од потребните средства. Останатите
средства за спроведување на програмите, мерките и услугите за вработување, 26 %,
Агенцијата од буџетот на РМ ги ѝ префрлува на УНДП, а пак УНДП учествува со 1 %.

Извор: https://bit.ly/2T8ykJq

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција
Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.