Како резултат од мапирањето во Битола, идентификувани се: 77 невработени жени, 72 невработени мажи, 3 жени и 4 мажи корисници на активни мерки за вработување

Процесот на мапирање на заедницата на битолските улици Пецо Божиновски и Тошо Даскало опфати 602 членови на 321 домаќинство при што, граѓаните ги идентификуваа лицата кои се потенцијални, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот план за вработување на АВРМ за 2019 година. Како резултат од мапирањето, идентификувани се 77 невработени жени, 72 невработени мажи, од кои 3 жени кориснички и 4 мажи корисници на активни мерки за вработување.

Мапирањето на заедницата во Битола е организирано од Младински Културен Центар-МКЦ од Битола сo поддршка на Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска, претставува продолжување на спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на засегнатите граѓани и граѓанки од заедницата активно да учествуваат во следењето, мерењето и оценката на тековните мерки за вработување и да бараат нивно креирање и спроведување согласно нивните потреби.

Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија