Поради малиот процент на граѓани кои се регистрирани во евиденцијата на АВРСМ…

Поради малиот процент на граѓани кои се регистрирани во евиденцијата на АВРСМ од општините Битола, Тетово, Струмица и Св. Николе, пристапот до активните мерки, програми и услуги за вработување им е значително ограничен. Според граѓаните, потребно е АВРСМ да ги подобри услугите што ги нуди генерално, да работи повеќе со лицата што се невработени, да воведе нови мерки и услуги, особено мерки и услуги што ќе одговараат на потребите на специфични групи на граѓани, треба да се олесни начинот на регистрирање, односно да се воведе нов начин кој нема да претставува товар за граѓаните…
Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/
За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија