Прва координативна средба на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 26 февруари 2018 година се одржа првата координативна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа 13 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар – Битола, Женски Форум – Тетово и и ГИЖ Св. Николе, додека Организација на жени на Струмица беа он лајн поврзани преку скајп бидејки не беа во можност да присуствуваат заради неповолните зимски  временски услови. На средбата организациите дискутираа и разменија искуства по однос на текот и предизвиците во спроведувањето на процесот на мапирање на заедницата и институциите. Исто така подетално се дискутираше во однос на финансиското и програмско работење и известување за реалиазација на поединечните грантови кои ги реализираат органиациите. Состанокот заврши со координација на наредни активности.

Проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ се имплементира од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост -ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска. Истиот е поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 – Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015.

За содржината на овaa објава целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.