Приближно една четвртина од лицата што се регистрирани во евиденцијата на невработени на АВРМ се соочиле со некаков проблем при регистрација

Приближно една четвртина од лицата што се регистрирани во евиденцијата на невработени на АВРМ се соочиле со некаков проблем при регистрација. Да се преземат мерки за елиминирање на проблемите со кои се соочуваат невработените при регистрација во евиденцијата на АВРМ, така што: ќе се зголеми рокот помеѓу секоја регистрација, ќе се намали времето потрошено за чекање на ред за регистрација; ќе се овозможи граѓаните да немаат трошок за транспорт до подрачните единици на Агенцијата преку користење на електоронска регистрација или пак отворање на мобилни пунктови за регистрација што ќе работат во самите заедници (особено во општина Тетово); потребната документација за регистрирање ќе се обезбедува по службена должност и нема да има враќање на лица заради недостиг на одредени документи; вработените во подрачните единици да го подобрат односот со граѓаните; да се работи повеќе се невработените лица, односно да ја вршат својата основна функција на креирање на индивидуални планови за јакнење на капацитетите на секое невработено лице со соодветни вештини и знаења, како и планови за вработување на секое регистрирано лице; одржување на редовни средби со невработените лица за информирање за нивните права за вработување и текот на спроведување на изготвениот план; итн.

Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија