При анализа на потрошените средства за спроведување на програмата за самовработување…

При анализа на потрошените средства за спроведување на програмата за самовработување може да се воочи дека износот на средства што го менаџира АВРМ се намалува со зголемување на средствата за оваа програма, а пак во исто време се зголемува износот на средства што ѝ го префрла државата на УНДП (во 2017 година изнесува 350.319.750 или 100 % од износот на оваа програма, а пак во 2014 година 13.395.800 денари). Агенцијата да ја преземе целокупната одговорност и контрола врз планирањето и спроведувањето на програмата за самовработување на тој начин што самостојно ќе ја реализира и нема да исплатува средства од буџетот на државата на други организации што би ја спроведувале програмата.
Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/
За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија