Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2018 година изнесувала 25.784 денари и во однос на декември 2017 година е зголемена за 8,1 процент

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2018 година изнесувала
25.784 денари и во однос на декември 2017година е зголемена за 8,1 %, објави
Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката
просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и
комуникации (28 %), Уметност, забава и рекреација (24,3 %) и Рударство и
вадење на камен (20,9 %).Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен,
во декември во однос на ноември 2018 година е зголемена во секторите: уметност, забава и
рекреација (22,1 %), информации и комуникации (22,1 %) и трговија на
големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 %).
Бруто-платата по вработен во декември 2018 година изнесувала 37.704 денари.

Извор: https://sitel.com.mk/prosechnata-neto-plata-vo-dekemvri-25784-denari

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција
Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија .