Секоја година Агенцијата има неисплатени обврски кон извршителите вклучени во реализација на Оперативниот план, во просек од 24.412.370 денари. Па така, во 2018 година износот на неисплатени обврски е за 16 % повисок во однос на 2017 година, од кои во просек 46 % се неизмирени обврски кон УНДП. Потребно е да се преземат активности за редовно сервисирање на тековните обврски на Агенцијата и елиминирање на праксата на континуирано креирање на долгови. Ова е особено важно во услови кога Агенцијата секоја година остварува повисоки приходи и троши помалку средства од планираните.
Повеќе за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ можете да прочитате на: http://socijalnaotcetnostzarodovaednakvost.mk/
За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија