Секоја година Агенцијата има неисплатени обврски кон извршителите вклучени во реализација на Оперативниот план

Секоја година Агенцијата има неисплатени обврски кон извршителите вклучени во реализација на Оперативниот план, во просек од 24.412.370 денари. Па така, во 2018 година износот на неисплатени обврски е за 16 % повисок во однос на 2017 година, од кои во просек 46 % се неизмирени обврски кон УНДП. Потребно е да се преземат активности за редовно сервисирање на тековните обврски на Агенцијата и елиминирање на праксата на континуирано креирање на долгови. Ова е особено важно во услови кога Агенцијата секоја година остварува повисоки приходи и троши помалку средства од планираните.

Извор: https://bit.ly/2T8ykJq

 

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија