Услугите за вработување претставуваат суштински дел од активните политики на пазарот на трудот, но во исто време се и суштинска слабост на оваа институција, особено во делот на стратешко планирање на видот и обемот на услуги што им ги нуди оваа институција на своите корисници

Услугите за вработување претставуваат суштински дел од активните политики на
пазарот на трудот, но во исто време се и суштинска слабост на оваа институција, особено
во делот на стратешко планирање на видот и обемот на услуги што им ги нуди оваа
институција на своите корисници (секоја година се предвидува идентичен број на
невработени граѓани и работодавачи што ќе бидат потенцијални корисници на услугите и
се издвојува ист износ на средства за нивна реализација без да се земат предвид
промените на пазарот на трудот), начинот на нивно обезбедување (не постојат протоколи
за постапување при обезбедување на услугите на потенцијалните корисници), начинот на
нивно евидентирање (не се води програмска и буџетска евиденција за бројот на
обезбедени услуги и износот на потрошени средства, односно податоците што се јавно
достапни значително отстапуваат од оние што ги обезбеди Агенцијата во постапка за
слободен пристап до информации од јавен карактер) и начинот на нивна евалуација (не
постојат воспоставени системи за следење на ефектите од секоја обезбедена услуга,
односно мерење на стапката на вработеност како резултат на секоја поединечна услуга
обезбедена од Агенцијата).

Извор: https://bit.ly/2T8ykJq

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција
Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.