Фокус група со невработени жени од општина Свети Николе во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” Печати E-пошта

На 24 септември 2018 година партнерската организација Граѓанска иницијатива на жените на Св. Николе, во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” поддржан од Европската Унија, одржа фокус група со невработени жени од општина Св. Николе. Фокус групата е дел од активностите за мониторинг и оценување на ефикасноста, ефективноста, квалитетот и задоволството од спроведувањето на активните мерки и програми за вработување на АВРМ.

За содржината на оваа објава целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.