„Социјална отчетност за родова еднаквост“ е проект кој Здружението ЕСЕ во партнерство со Акција Здруженска и четири локални граѓански организации (Организација на жени на Струмица, Младински културен центар од Битола, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе, Женски форум од Тетово) го спроведува во период од три години (1.1.2017 – 31.12.2019) со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на ИПА-програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.

Кон што ќе придонесе спроведувањето на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“?

Општата цел на проектот е да се формира национална граѓанска мрежа заради унапредување на општествената одговорност за родова еднаквост. Најмалку шест организации членки на мрежата ќе усвојат рамка за граѓанско учество на жените,

ќе користат ефективни методологии за оспособување на жените да ја држат владата на одговорност и ќе се залагаат за родово одговорно буџетирање и испорака на услуги приспособени кон потребите на жените.

Посебните цели на проектот се:

следење и оценување на ефикасноста и ефективноста на буџетските трошоци и обезбедување услуги во областа на активните мерки за вработување;

подигнување на капацитетите на локалните НВО и локалните заедници (жените и мажите) за примена на методологии за општествена одговорност при заговарање родова еднаквост;

подигнување на капацитетите на локалните НВО и локалните заедници (жените и мажите) за примена на методологии за општествена одговорност при заговарање родова еднаквост.

Од реализацијата на проектот се очекуваат следниве конкретни резултати:

Резултат бр. 1
– мапирани релевантни локални и национални институции, како и локалитетите и заедниците;

Резултат бр. 2
– мониторинг и анализа на најмалку две активни програми за вработување предвидени во годишните Оперативни планови за активни програми и мерки за вработување во две последователни години (2017 и 2018);

Резултат бр. 3
– мониторинг во заедницата и оцена на избраните активни програми за вработување, вклучувајќи и од родова перспектива;

Резултат бр. 4
– најмалку 10 невладини организации запознаени и обучени за концептот на општествена одговорност;

Резултат бр. 5
– грантови обезбедени за најмалку 4 НВО во врска со преземање активности на застапување за родова еднаквост врз основа на собраните наоди за општествена одговорност;

Резултат бр. 6
– приближно 1 600 членови на заедницата (жени и мажи) зајакнати и активно вклучени во активности на застапување;

Резултат бр. 7
– менторство обезбедено на избраните невладини организации за примена на методологијата за општествена одговорност во областа на активните програми и мерки за вработување;

Резултат бр. 8
– организирани осум дебати за политиките (по четири годишно) со локалните чинители во секоја од избраните  локални заедници;

Резултат бр. 9
– организирани две национални конференции (по една годишно);

Резултат бр. 10
– организирани две годишни јавни кампањи.