Рамката на политиката на вработување во Република Македонија е дефинирана во Програмата на Владата на РМ, Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика, Националната стратегија за вработување на РМ 2020 и во Акцискиот план за вработување на млади 2016–2020.  

Основната цел на Стратегијата за вработување 2020 е зголемување на вработеноста, квалитетот на зголемување на вработеноста, квалитетот на работните места и продуктивноста, со посебен фокус кон ранливите групи на население преку  зголемување на ефективноста и ефикасноста на политиката за вработување, со посебна поддршка за ранливите категории на население, унапредување на капацитетот на приватниот сектор за креирање на работни места и образование што продуцира знаења и вештини според потребите на работодавачите.

Од 2007 година наваму Република Македонија применува активна политика за вработување, односно систем на планирање и имплементација на активни мерки на пазарот на трудот,  од чие спроведување се очекува да се подобри функционирањето на пазарот на трудот, да се поддржи создавањето на нови работни места и да се зголеми вработеноста на невработените лица.

Клучните институции за спроведувањето на политиката за вработување се:

Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

Министерството за труд и социјална политика  ги врши работите што се однесуваат на: работните односи, вработувањето и вработеноста; пензиско-инвалидското осигурување; заштитата на работниците при работењето; материјалното обезбедување на привремено невработените; платите и животниот стандард; социјалната политика; хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој; правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница; односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето; унапредувањето на рамноправноста на половите; заштитата на децата и малолетните лица; заштитата на младината и жените; заштитата на лицата со пречки во развојот; заштитата на цивилните инвалиди од војната и на семејството чиј хранител е на задолжителна воена служба; заштитата на борците од антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција; надзорот од негова надлежност и врши други работи утврдени со закон.

Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ)

Aгенцијата за вработување на Република Македонија е јавна установа која врши стручни, организациски, административни и други работи што се однесуваат на вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност и обезбедува поддршка, помош и услуги за учесниците на пазарот на трудот. Седиштето на Агенцијата е во Скопје и таа  претставува единствена стручна служба со 30 подрачни единици – центри за вработување во Битола, Велес, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Штип, Берово, Валандово, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонски Брод, Неготино, Охрид, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Агенција за поддршка на претприемништвото на РМ (АППРМ)

Агенцијата за поддршка на претприемништвото е основана со закон во декември 2003 год. и претставува централна државна институција за поддршка на претприемништвото и развојот на малото стопанство во Република Македонија.  Агенцијата работи на изградба на поволно економско опкружување и законска регулатива, создавање и развој на институционална инфраструктура за поддршка и развој на претприемништвото и конкурентноста во малото стопанство, спроведување и координација на државната и меѓународната поддршка за микробизниси, малите и средни бизниси, промоција на претприемништвото преку нефинансиски и финансиски форми на поддршка, спроведување на Програмата за мерки и активности за поддршка на претприемништвото и создавање на конкурентност во малото стопанство на Република Македонија.

Центар за образование на возрасни (ЦОВ)

ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје е јавна установа за образование на возрасните во Република Македонија, која како посебно правно лице е основана од Владата на Република Македонија во ноември 2008 година. Мисијата на Центарот е да промовира систем на образование на возрасните кој ќе биде функционален, модерен и во согласност со стандардите на Европската Унија, систем кој ќе обезбеди висок квалитет на учење и можности за стекнување на квалификации во согласност со потребите на населението, ќе го зголеми вработувањето и ќе го развие претприемништвото, ќе ги задоволи потребите на пазарот на трудот и ќе придонесе во економскиот, општествениот и личниот развој. Главни цели на Центарот се да придонесе во реализација на социоекономските потреби на Македонија, да одговори на потребите на пазарот на трудот и да им помогне на индивидуите во нивниот личен развој.

Центар за стручно образование и обука (ЦСОО)

Центарот за стручно образование и обука е основан со Одлука на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 87/06), како јавна установа во која треба да се усогласуваат и интегрираат јавните интереси и интересите на социјалните партнери во стручното образование и обука во Републиката и која ја координира соработката со меѓународните институции и организации во областа на стручното образование и обука. Центарот врши стручни работи од областа на следењето, вреднувањето, проучувањето, унапредувањето, истражувањето и развојот на стручното образование и обука, како и други работи во согласност со Законот, актот за основање и Статутот.

Клучни документи:

 

Акциски план за вработување на млади 2016 – 2020 година

 

Национален акционен план за вработување
2014 – 2015 година

 

Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика 

 

Национална стратегија за вработување 
2016 – 2020

 

Национална програма за пристојна работа
2015 – 2018

 

Национална стратегија за вработување
2015

 

Програма за субвенционирање на вработување

 

Акциски план за вработување на малдите 2015 година

 

Стратегија за формализирање на неформалната економија

 

Ревидиран акциски план за вработување на млади 2016-2020 година

 

Оперативен план за услуги на пазарот на трудот

 

Оперативен план за активни програми и мерки 2016 година

Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2014
година

Прва измена на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2014 

Втора измена на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2014

Трета измена на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2014

Четврта измена на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2014